23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Шефот на ОН: Газа е кошмар што се заканува да го втурне целиот регион во хаос

Израел вчера го обвини генералниот секретар на ОН дека не презема ништо за да ги „спречи нападите на Хезболах“ на нејзина територија, откако Антонио Гутереш ја спореди израелската војна против Хамас во Газа со „непрекинат кошмар“ што се заканува да го вовлече Либан во хаос.

„Кошмарот за кој зборувате е реалност. Таа реалност е дека Хезболах го зеде Либан како заложник и дека ОН не го препознаваат она што (Хезболах) го прави и повеќе не ги исполнуваат своите основни задачи: да ги спречат нападите на Хезболах и да бараат спроведувањето на резолуцијата 1701 на Советот за безбедност, која стави крај на војната меѓу Израел и либанското шиитско движење во 2006 година“, напиша израелскиот министер за одбрана Јоав Галант на Икс.

Гутереш претходно ги предупреди лидерите собрани во Њујорк на Генералното собрание на ОН дека „Либан е на работ на колапс“.

„Газа е кошмар што се заканува да го вовлече целиот регион во хаос, израелскиот народ и целиот свет не смеат да дозволат Либан да стане уште една Газа“, рече шефот на ОН.

„Сите треба да бидеме вознемирени од оваа ескалација. Либан е на работ на колапс“./Извор:Makfax