Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Првиот вицепремиер Меџити во САД се сретна со генералот Весли К. Кларк

Првиот Вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, за време на посетата на Соединетите Американски Држави, се сретна со генералот Весли К. Кларк. Меџити рече дека разговорите со поранешниот командант на силите на НАТО, како и секогаш, се многу плодни и носат извонредни искуства.
“За време на мојата посета на САД ми беше задоволство да се сретнам со генералот Весли К. Кларк.

Разговорите со поранешниот командант на силите на НАТО, како и секогаш, се многу плодни и носат извонредни искуства. Разговаравме за фактот дека безбедноста и мирот се тесно поврзани со меѓународната соработка, но пред се и со економскиот развој.

Исто така зборувавме и за неговиот извонреден придонес за мирот, а особено за тој во регионот. Пред се, се зборуваше и за континуираната поддршка на Соединетите Американски Држави и НАТО Алијансата што ѝ ја даваат на нашата земја на патот на евроатлантските процеси, пат кој несомнено е еден од нашите главни приоритети”, рече Меџити по средбата.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Народот на овие избори покажа зрелост, падна митот дека Кичево е нивно или наше, Кичево е на народот

ДЕСК

Филипче: СДСМ останува најсилна опозициска партија

ДЕСК

Филипче: Следуваат сериозни кадровски промени во СДСМ

ДЕСК