Centar.mk
СВЕТ

Човек ненадејно почина на лет од Бугарија: авионот принудно слета во Келн

Авион на „Џет 2“ од Бугарија за Велика Британија ненадејно бил пренасочен кон Келн кога еден патник починал за време на летот.

Летот LS3214 полета од Бургас, Бугарија, за Ливерпул во понеделникот околу 13 часот по локално време пред екипажот да прогласи вонредна состојба два часа подоцна.

Авионот бил пренасочен кон Келн, а по слетувањето на оддалечената писта на аеродромот околу 15.32 часот, кон авионот веднаш се упатила брзата помош.

Мажот наводно добил срцев удар и бил прогласен за мртов и покрај огромните напори на патниците и екипажот да го реанимираат, пишува „Мирор“.

По неколку часа поминати на аеродромот, авионот, конечно, повторно полета за Ливерпул во 21.17 часот и слета во Велика Британија во 22.27 часот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Taткото и синот кои го извршиja масакрот во Австралија на семејството му рекле дека одат на риболов, се истражуваат врските со Исламска држава

C +

Аналитичар: Ако ЕУ навистина сака да се прошири, тоа мора да се одрази во новиот буџет

C +

Австралискиот премиер предложи построги закони за оружје по убиството на 15 лица на плажата Бонди

C +
error: Соддржината е заштитена.