9. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Центар.мк
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Просечната плата се намалува, потфрлија економските политики на Мицкоски

Сведочиме на пад на просечната плата за 1.000 денари после години постојано покачување, велат од СДСМ.

„Намалувањето на просечната е директен одраз на погрешните политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и значи удар врз стандардот на граѓаните.

Економските политики на Христијан Мицкоски и владата на ВМРО-ДПМНЕ потфрлија.

Неприфатливо е која било влада да дозволи пад на платите, особено во време кога семејствата се соочуваат со зголемени трошоци за живот и покачени цени на производите.

Падот од 1.000 денари значи помалку средства за основни потреби, намален квалитет на живот и понизок стандард.

Во изминатите години, СДСМ континуирано ги зголемуваше платите, дури и во време на кризи, достигнувајќи над 41.000 денари. За споредба, во 2015 година, просечната плата под ДПМНЕ изнесуваше само 20.853 денари.

Наместо да поттикнуваат раст и зголемување на платите, ВМРО-ДПМНЕ се враќа на политиките од минатото, каде работниците беа третирани како евтина работна сила.

Бараме од владата на Христијан Мицкоски да ја промени оваа погрешна политика и да преземе итно мерки за покачување на платите.“ – се вели во соопштението на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Движењето ЗНАМ отвори AI-платформа за директен дијалог со граѓаните, „ZnamGPT: Прашај го градоначалникот“

C +

(ВИДЕО) Претреси во Скопје, има уапсени

ДЕСК

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ го задолжи Прилеп, ги поскапе сметките на граѓаните и го остави градот во темница

ДЕСК