Centar.mk
СВЕТ

Во нападот врз Бејрут најмалку 12 лица загинале, а 66 се повредени

Либанското Министерство за здравство соопшти дека најмалку 12 лица загинале а 66 се повредени, од кои девет се во критична состојба, во изралески напад врз Бејрут.

Вчерашниот израелски напад врз Бејрут следеше откако Хезболах истрела ракети на северот на Израел и во време кога се очекува одмазда во тој регион, бидејќи лидерот на таа шиитска организација Хасан Насрала се закани за овонеделните експлозии на илјадници пејџери и токи-воки.

Јужните предградија на Бејрут биле нападнати за време на сообраќајниот метеж, кога вработените се враќале од работа, а учениците од училиште./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ПАЦИФИКОТ КАЈ ЈАПОНИЈА – Магнитуда од 7 степени, без опасност од цунами

ДЕСК

НОВИ ТВРДЕЊА ЗА МОЖЕН НАПАД ВРЗ ИРАН – Американската војска наводно има подготвени планови

ДЕСК

ДВАНАЕСЕТ ПОВРЕДЕНИ ВО ПУКАЊЕ ВО ФЛОРИДА – Меѓу нив шест деца, три лица во тешка состојба

ДЕСК