8. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Температурите деновиве одат малку нагоре, но потоа доаѓаат лоши вести – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Утре ќе дува засилен ветер од југозападен правец (наместа над 70 км/ч).

Температурите во следниот период ќе се задржат пониски, а кон средината на неделата наместа се очекуваат и пообилни врнежи.

Прогноза за 16.09.2024
Минимална температура: 7°C до 14°C
Максимална температура: 15°C до 22°C

Наутро посвежо, преку денот променливо облачно со локални врнежи од дожд .Ќе дува слаб до умерен ветер од западен, а кон крајот на денот од северозападен правец.

Прогноза за 17.09.2024
Минимална температура: 6°C до 14°C
Максимална температура: 16°C до 22°C

Наутро посвежо, преку денот променливо облачно, попладне со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Прогноза за 18.09.2024
Минимална температура: 8°C до 15°C
Максимална температура: 17°C до 23°C

Наутро свежо, преку денот променливо облачно, попладне облачноста ќе се со зголемува и ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.