Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец, попладне со повремени локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието.

Попладне и кон крајот на денот ќе има повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи. Минималната температураќе биде во интервал од 8 до 14, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и кон крајот на денот во делови од котлината ќе има повремен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 23 степени.

И во петок ќе се задржи променливо облачно време со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни и поројни, проследени со појава на грмежи. Во деновите од викендот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за слаб локален дожд во планинските региони. Дневната температура ќе биде во постепен пораст./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Инфлацијата се спушти под 3%, треба да сториме сѐ што е во наша моќ да ја одржиме ценовната стабилност

ДЕСК

Мицкоски: Забрзано се одвива изградбата на капиталните инвестиции, до сега се реализирани околу 25 проценти од предвидените за 2026 година

C +

Муцунски: Нашата задача е да бидеме предвидлив партнер на Европската Унија, но таква предвидливост очекуваме и од земјите членки

C +