Centar.mk
фото ЈС/Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Оштетени 11 сообраќајни знаци со спреј во боја во Кичево, поднесена соодветна пријава

Вчера, во 15.40 часот, во ОВР Кичево е пријавено оштетување со спреј во боја на 11 сообраќајни знаци, кои се поставени покрај коловозната лента од улицата Магистрален пат до битолската крстосница, во близина на кичевското село Другово.

Според членот 190 од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, „на сообраќајниот знак и на столбот на кој е поставен знакот, забрането е да се става сè што не е во врска со значењето на сообраќајниот знак и забрането е неовластено поставување, преместување, отстранување и оштетување на сообраќајните знаци и на опремата на патот или измена на значењето на сообраќајните знаци“. ОВР Кичево презема мерки за расчистување на настанот по што ќе биде поднесена соодветна пријава./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Позитивните економски параметри, потврдени и од Евростат, им сметаат на СДСМ, затоа што нивно време граѓаните живееја потешко, економијата стагнираше, инфлацијата рушеше рекорди

ДЕСК

ЌЕ ПЕЧЕ СОНЦЕ, А ПОТОА ЌЕ ТРЕШТИ НЕБОТО: Следува променливо и нестабилно време

ДЕСК

СЕ КРЕНАЛА ВРЕВА ВО ВИЗБЕГОВО: По расправија дошло до физичка пресметка меѓу двајца мажи

ДЕСК