Centar.mk
СВЕТ

Марта Кос предложена за нова комесарка за проширување на ЕУ

Новата комесарка за проширување во новата Европска комисија ќе биде Словенката Марта Кос, соопшти денеска во Европскиот парламент претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Словенечката дипломатка ќе биде задолжена и за источното соседство на ЕУ.

Кос ќе работи на поддршка на Украина, ќе продолжи да работи на обновата на таа земја и ќе ги поддржува земјите кандидати да се подготват за пристапување во ЕУ, изјави Фон дер Лајен на конференцијата на претседателите на политичките групи во Европскиот парламент.

Новата ЕК треба да ја преземе функцијата на 1 декември, еден месец подоцна од планираното./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Атина предупредува: Нема да толерираме ширење на војната во Украина кон Медитеранот

C +

Куба остана без дизел и нафта за греење, струја нема до 20 часа на ден

C +

Валш: Поскапите авионски билети во Европа се „неизбежни“ поради зголемувањето на цените на горивата

C +