Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

Драстичен пад на температурите – Метеоцентар со детална прогноза за следните неколку дена

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Утре ќе дува засилен ветер од југозападен правец (наместа над 70 км/ч), а од недела температурите ќе бидат во позначително опаѓање.

Прогноза за 15.09.2024
Минимална температура: 6°C до 13°C
Максимална температура: 16°C до 23°C

Наутро посвежо, преку денот променливо облачно со локални врнежи од дожд .Ќе дува слаб до умерен ветер од западен, а кон крајот на денот од северозападен правец.

Прогноза за 16.09.2024
Минимална температура: 7°C до 14°C
Максимална температура: 15°C до 22°C

Наутро посвежо, преку денот променливо облачно со локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Прогноза за 17.09.2024
Минимална температура: 6°C до 14°C
Максимална температура: 16°C до 22°C

Наутро посвежо, преку денот променливо облачно, попладне со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Можеби ќе ве интересира

За осум часа денеска санкционирани 116 мотоциклисти во Скопје, одземени три мотоцикли

ДЕСК

Четврток носи најголема опасност: Невреме со пороен дожд, силен ветер и можен град

ДЕСК

Од Стајковци до болница: Напад со тврд предмет прераснал во пресметка меѓу две групи

ДЕСК