Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Се потврди дека шест невини полицајци ќе одговараат за да се заштити Наум Рамука

-МВР ги потврди сите информации кои ги објави СДСМ, јавно, на прес конференција. Се случува класична местенка за да се заштити функционер на власта, соопшти СДСМ.

„Срамно и нечовечно вината за скандалите на границата и пропуштањето на сватовите на Гаши ДПМНЕ и Тошковски им ја калемат на полицајците кои работат на граничниот премин.

За шестмина полицајци, МВР предлага постапка за утврдување одговорност. Наместо одговорност да се побара од началникот Рамука, кој ги давал наредбите, се казнуваат невини, чесни луѓе.

Ова е брука и срамота.

Се покажа дека Мицкоски едно зборува јавно а сосема друго прави. Додека беседи за одговорност се местат невини луѓе а Тошкоски спроведува полициско-партиска заштита за нивниот омилен началник Рамука.

Ова е уште една причина Обвинителството да постапи за овој случај. Надлежното обивнителство треба да ја спречи оваа неправда и вистинските виновници да понесат одговорност.“ – се вели во соопштението на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Маж од Кичево возел иако имал забрана за управување возило и удрил во малолетник, лишен е од слобода, возилото е одземено

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА “УПАДНА” ВО НОЌНИ КЛУБОВИ ВО ОХРИД И СКОПЈЕ: Полицајците тресеа познати локали – констатирано дека клубови точеле алкохол, а обложувалница примало малолетници

ДЕСК

Лишени од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило, од нив шестмина возеле без возачка дозвола

ДЕСК