Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ ги повика пратеничките групи да го поддржат законот што ќе овозможи линеарно зголемување на пензиите

Денеска на дневен ред пред пратениците во Собранието ќе се најде Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кој ќе овозможи линеарно зголемување на пензиите на сите пензионери за 2.500 денари линеарно, почнувајќи од септемвриската пензија.

ВМРО-ДПМНЕ апелира на соработка од сите пратенички групи.

„Ги повикуваме сите пратеници за поддршка и веднаш уште денеска во согласност со Собранискиот деловник да се закаже Комисијата за социјална политика, демографија и млади. Со овој закон ќе се оствари право на повисока пензија на 300.000 наши пензионери. 300.000 пензионери добиваат повисоки пензии, подобар животен стандард и подобри услови за живот. Ова е само почеток на она што го ветивме“, изјави пратеникот Бојан Стојаноски.

Дополнително, како што рече, покрај ова покачување, во март ќе има зголемување од уште 2.500 денари линеарно за сите пензионери./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

СТАТУСОТ НА ГРУЕВСКИ ВО УНГАРИЈА ПОВТОРНО ВО ФОКУС: Државјанството му дава посилна заштита?

ДЕСК

ВРЕМЕТО ЌЕ ИЗНЕНАДИ: Од сонце и топлина до пороен дожд и грмежи

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА НЕ ПРОСТУВА: Девет возачи завршија во станица по опасно возење

ДЕСК