Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Претежно облачно и посвежо, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд (над 30 l/m2 за 24 часа), грмежи, силен ветер (над 70 km/h) и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 20, а максималната ќе достигне од 20 до 25 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со интензивен пороен дожд (над 20 l/m2за 24 часа), грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Во среда ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, а преодно стабилизирање на времето во четврток. Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса нови врнежи повторно се очекуваат во петок./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

За осум часа денеска санкционирани 116 мотоциклисти во Скопје, одземени три мотоцикли

ДЕСК

Четврток носи најголема опасност: Невреме со пороен дожд, силен ветер и можен град

ДЕСК

Од Стајковци до болница: Напад со тврд предмет прераснал во пресметка меѓу две групи

ДЕСК