7. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

На Попова Шапка измерени 10 степени и најмногу дожд, времето облачно и свежо

На Попова Шапка утрово биле измерени 10 Целзиусови степени, а во изминатите 24 часа до 8 часот наврнале 59 литри на квадратен метар воден талог.

Во Лазарополе и Маврови Анови се измерени 11 степени, 14 во Охрид, Дебар и во Крушево, 16 во Претор и Крива Паланка, 17 во Скопје-Зајчев Рид, Битола, Тетово, Прилеп, Виница и во Куманово, 18 во Струмица, Штип, Велес и во Кавадарци, 19 во Скопје-Петровец, Демир Капија и Гевгелија.

Како што информираа од УХМР, до 8 часот во Маврови Анови и Лазарополе биле наврнати 40 литри на квадратен метар, 36 во Тетово, 35 во Дебар, 31 во Претор, 23 во Охрид, 17 во Скопје-Зајчев Рид, Крушево, 10 во Скопје-Петровец, 9 во Прилеп, 8 во Куманово, 7 во Велес, Тополчани, 6 во Битола, 3 во Кавадарци, 2 во Крива Паланка, Демир Капија, Штип, Виница, Пожар, 1 во Струмица, Гевгелија.

Во текот на ноќта и утрово времето е облачно со врнежи од дожд. Дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Времето денеска ќе биде облачно и свежо наместа нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Локално врнежите ќе бидат поинтензивни (над 30 l/m2) проследени со грмежи. Максималната температура ќе достигне од 19 до 24 степени.

Во Скопје ќе биде облачно и свежо со врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со интензивен пороен дожд (над 20 l/m2) и појава на грмежи. Максималната температура ќе достигне до 22 степена./Извор:Makfax