Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има локален пороен дожд проследен со грмежи и засилен ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има локален пороен дожд проследен со грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени.

Во Скопје променливо облачно, доцна попладне, а особено во текот на ноќта со повремен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 33степени.

Од утре попладне и потоа преку ноќта, под влијание на нестабилна воздушна маса времето ќе биде променливо облачно и посвежо на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме, со интензивен пороен дожд (над 30 l/m² за кратко време), грмежи, силен ветер (над 70 km/h) и град, aособено во вторник врнежите ќе бидат пообилни, а температурата ќе биде значително пониска./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +