Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Вчера имало вкупно 34 пожари на отворено, шест активни, информира ЦУК

Во текот на вчерашниот ден, четврток, имаше вкупно 34 пожари на отворен простор, од кои активни се 6, под контрола е 1 и изгаснати се 27, информира ЦУК.

Активни се шест пожари:

1. Општина Прилеп: с.Пештани – с.Кокре – с.Кален – с.Дуње – с.Бонче – с.Крушевица – с.Волково – с.Штавица – с.Прилепец-с.Чумово-с.Селце. Активни се краците према с.Крушевица, с.Чумово, с.Селце и према м.в. Чуле на Селечка Планина. (нискостеблеста вегетација, сува трева и борова шума);

2. Општина Чашка: Планина Мукос – с.Оморани (локализиран), с.Степанци (под контрола), с.Ораов Дол (активен) (ниска вегетација, мешана борова и липова шума);

3. Општина Петровец: с.Градманци – с.Брезница – с.Катланово (нискостебелста шума);

4. Општина Штип: с.Хаџи Хамзали – с.Едеклерци – с.Топлик, полигон Криволак (нискостеблеста шума, смреки и сува трева);

5. Општина Чучер-Сандево: с.Танушевци, м.в.Рамно (мешана шума);

6. Општина Долнени: с.Десово (сува трева и мешана шума);

Под контрола е еден поажр:

1.Општина Крушево: Градска депонија (депонија)

Изгаснати се 27 пожари според ЦУК./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Студени утра, но топли денови: Температурите од – 3 до 20 степени, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Филипче со конкретни мерки: Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, на акцизата за 4 денари и 0% ДДВ за храната

ДЕСК

Муцунски: Безбедноста на македонските граѓани е наш апсолутен приоритет – евакуацијата од Блискиот Исток се реализира успешно

ДЕСК