Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Променливо облачно со слаб до умерен ветер, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде Променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Попладне во делови од регионот со појава на пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Следува период на променливо облачно време на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Процесите повремено ќе бидат поинтензивни и наместа ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град. Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

C +

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

C +

Мицкоски: Владата проактивно работи на реновирање на туристички сместувачки капацитети, очекувам 2026 година да имаме раст на бројот на туристи

C +