Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Митева до Кузеска: Дали компанија од Македонија блиска до семејството на експретседател на СДС исплаќа пари на бугарска фирма во сопственост на експремиер и претседател на СДС?

„Жалам што Кузеска и СДС се служат со невистини и манипулации обидувајќи се дека така преку креирање лаги ќе ја сокријат вистината за што ние веќе неколку дена објавуваме факти и аргументи, а одговори од страна на СДС, Венко Филипче и Кузеска нема“, истакна портпаролката, пратеничка и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Таа продолжи и постави друго прашање:

„Дали е вистина дека компанија од Македонија која е блиска до семејството на поранешен претседател на СДС исплаќа пари на бугарска фирма која е во сопственост на поранешен премиер и претседател на СДС?“, запраша Митева.

Таа потенцираше дека доколку нема одговор на овие прашања, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ја информира јавноста.

„Нека одговорат на овие прашања, а доколку не ќе продолжиме да ја информираме јавноста. СДС беше на власт 7 години, имаа можност за сите состојби да дискутираат, но не го направија тоа и покажаа колку се очајни и колку она што го зборува ВМРО-ДПМНЕ е вистина“, децидна е Митева./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

МИР ПРЕД БУРА: По стабилните денови следуваат дожд и грмежи – објавена е четиридневна прогноза за времето

ДЕСК

ТЕПАЧКА ПРЕД ХОТЕЛ ВО СКОПЈЕ: Расправија меѓу вработени заврши со физичка пресметка, полицијата излезе со детали

ДЕСК

ГРАБЕЖ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ВО ЦЕНТАР: Со сила ѝ го скинал накитот на жена на постојка

ДЕСК