Centar.mk
РЕГИОН

Пукање во бензинска пумпа во Црна Гора од возило во движење: избегната катастрофа

На бензиснката пумпа во Никшиќ синоќа дошло до пукање во која учествувале двајца мажи од тој град.

Полицијата во Никшиќ вчера ги уапсила И.П и Р.Р., поради сомнение дека испукале неколку истрели од полуавтоматска пушка, во објектот на бензинската пумпа во сопственост на М.З. во близина на градскиот парк, неофицијално дознава РТЦГ.

Откако биле испукани истрелите од возилото во движење, во една од помошните простории настанале искри, поради што биле активирани автоматските противпожарни апарати.

За среќа, пожарникарите на Никшиќ брзо пристигнале на терен, па била спречена потенцијална катастрофа.

Осомничените, кои, според РТЦГ, имаат историја на криминални активности, набргу биле фатени.

Не е познато што го предизвикало инцидентот, а наводно на пукањето му претходела расправија меѓу неколку лица./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Вучиќ за обидот за атентат врз него и неговото семејство: „Тоа се луѓе кои би убивале деца“

C +

Пешаци трчале преку автопат во Хрватска, двајца загинале

C +

Уапсен е и третиот осомничен за нападот врз куќата на Здравко Чолиќ: побегнале со скутер

C +