ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против 18-годишник од Битола и 19-годишник од с. Мусинци, битолско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.
На 09.10.2026 во с. Канатларци, прилепско, пријавените физички нападнале дете.


