Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пожар во планинарскиот дом „Даре Џамбаз“ на Водно, пожарникарите го изгасија огнот

Утринава избил пожар во планинарскиот дом „Даре Џамбаз“ на врвот на Водно, според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

На местото на настанот се упатиле екипи на скопската Бригада за противпожарна заштита, кои успеале да го изгаснат пожарот со помош на два противпожарни возила и седум пожарникари.

Командантот на Териториалната противпожарна единица на Град Скопје, Звонко Томески, потврди дека пожарникарите работеле заедно со вработени од ЈП „Паркови и зеленило“.

По гасењето на пожарот, екипите продолжуваат со расчистување на опожарената просторија./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски и Орбан – ист модел, корупција на сите нивоа!

ДЕСК

Министерот Андоновски го пречека претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, на аеродромот во Скопје

ДЕСК

Платите во Министерството за правда ќе растат за 21%, Филков го потпиша колективниот договор

ДЕСК