Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Ново пукање, неспособноста на Тошковски е закана за безбедноста

-Синоќа се случи уште едно во низата пукања, овој пат во Арачиново, има и тешко повредени. Со Тошковски на чело на МВР и ДПМНЕ во власта улиците станаа небезбедни, се пука на секој чекор. Криминалците напаѓаат по улиците затоа што немаат страв од Тошковски, соопшти СДСМ.

„Пред една недела имаше пукање со убиство кај Мавровка, пред тоа во Синѓелиќ, во Чаир, Батинци, Тетово, на Пластичарска улица…

Ниту трага ниту глас од сторителите, од 8 убиства и обиди за убиства досега Тошковски има едвај едно расчистено.

Тошковски нема контрола ниту над северната граница која е предадена на приватно управување на ВЛЕН. Таму не се знае што се случува и како се поминува. Криминалците бегаат од затворите а Тошковски не може да ги лоцира.

Ќе побара ли денеска Мицкоски одоговрност од Тошковски или ќе го брани и понатаму?

Досега немало понеспособен министер за внатрешни работи и Тошковски после сите скандали треба да си поднесе оставка.“ – се вели во соопштението на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Тошковски ја започна годината со посета на службениците на Солунска Глава, кои на 2500 метри височина го одржуваат телекомуникацискиот систем на МВР во функција

ДЕСК

Ранет маж во Охрид за новогодишната ноќ – бил нападнат со стаклен предмет

ДЕСК

Нападнат таксист среде Охрид за Новогодишната ноќ

ДЕСК