Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Нема пари за плати, ама има за двајца заменици директори во Царина

-Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ ветуваа намалување на заменичките места, на двојните директори а во Царина сакаат да воведат уште еден, втор заменик директор.Ете такви законски измени предлагаат ДПМНЕ и ЗНАМ во Собранието, велат од СДСМ.

„Малку им се министри, заменици, директори, раководители, па си измислуваат позиции заменик на заменик директор.

Досега вакво нешто е невидено ниту чуено, Царина да има директор, заменик директор и уште еден, втор заменик директор.

Кого ќе заменува вториот заменик во Царина? Директорот, заменикот директор или самиот себе?

Очигледно гладни се коалициските партнери на ВМРО ДПМНЕ па освен ВЛЕН треба да има заменик и за ЗНАМ.

Наспроти бомбастичните најави за рационалност и намалување на позициите власта штанца директорски позиции само заради задоволување на партиските апетити.

Нема пари за плати на работниците ама има пари за нови измислени позиции?

Бараме ВМРО ДПМНЕ да го повлече катастрофалниот Закон во Собрание.“ – се вели во соопштнието на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Покачување на 50 отсто на пензиите ако дојде СДСМ на власт – најави Тренчевска

ДЕСК

Силно невреме проследено со град на автопатот Скопје – Тетово, невреме и во други делови на Македонија: Каде е најкритично?

ДЕСК

ТЕЖОК СЛУЧАЈ ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ: Во дом пронајдена почината педесет и деветгодишна жена

ДЕСК