Centar.mk
СВЕТ

Одекнаа експлозии: руско беспилотно летало на небото над Белорусија, во него пукал белоруски авион

Белоруски борбен авион наводно се обидел да го собори рускиот дрон „Шахед“, кој влетал во воздушниот простор на Белорусија при синоќешниот напад на Украина.

„Киев индипендент“ пренесува дека тоа го соопштила белоруската организација „Хаџун“, која ги следи настаните во таа земја.

Украинскиот весник наведува дека засега не може да ја потврди вистинитоста на ова тврдење.

Според белоруски „Хаџун“, дронот полетал во областа Јелски во регионот Хомел околу 3.30 часот по локално време.

Најмалку две експлозии можеле да се слушнат во областа Јелск околу 3.55 часот, а силен блесок бил видлив и на небото, објави набљудувачката група.

„Ова е веројатно првиот регистриран случај кога борбен авион на белоруските воздухопловни сили се обидел да уништи вистинска воена цел на небото“, напиша „Хаџун“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ЕСКАЛАЦИЈА НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Нападите меѓу САД, Израел и Иран се интензивираат

ДЕСК

Позната инфлуенсерка пронајдена мртва во стан

ДЕСК

Трамп го нападна НАТО, британски дипломат му возврати: „Целосно погрешно го разбира“

C +