16.8 C
Скопје
16. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Од 1 септември се менуваат правилата за рачен багаж на аеродромите во ЕУ: нови ограничувања

Аеродромите во Европската Унија од 1 септември ги променија правилата за рачен багаж, а тие се однесуваат на течности и електронски уреди што ги носат патниците. Причината се новите скенери за кои Европската комисија тврди дека не се доверливи, а аеродромите што користат ваков тип на скенери ќе мора да се вратат на стариот модел поради што се очекува метеж бидејќи самата проверка ќе трае подолго.

Европската комисија ги повика сите аеродроми привремено да ги користат старите модели, пишува Irish Examiner.

Ова значи дека аеродромите што ги користат новите C3-скенери, кои обично им дозволуваат на патниците да оставаат течности и електронски предмети во своите торби додека се скенираат и кои ја отстранија потребата од ограничување од 100 милоилитри за секоја течност, аеросол или гел, ќе се вратат на постарите методи на преработка, пренесува „Тпортал“.

Ефективноста на новите скенери беше доведена во прашање со техничкиот извештај испратен од Комисијата до Европската конференција за цивилно воздухопловство минатиот мај, во кој беше наведено дека тие не може да ја гарантираат доверливоста на скенерот за контејнери со капацитет поголем од 330 милилитри.

Така, почнувајќи од оваа недела, аеродромите во ЕУ што го користат скенерот C3 ќе се вратат на традиционалните уреди за рендген.

Кои се сега правилата за течности и електронски уреди што ги носиме во авионот?

За жал, се вративме на шишињата од 100 милилитри во затворени пластични кеси и ги вадиме електронските уреди за скенирање.

Ако сте на аеродром што има скенери C3, сепак треба да го спакувате рачниот багаж на ист начин како пред неколку години – да нема големи шишиња крем за сончање и да го оставите големото шише парфем дома или да го спакувате во куферот што поминува на „чек-ин“.

Максималната дозволена тежина на рачниот багаж ќе биде 10 килограми, а секој патник ќе може да земе еден рачен багаж и еден мал личен предмет.

Димензиите на рачниот багаж, вклучувајќи ги рачките и тркалата, не смее да надминуваат 55 x 40 x 20 сантиметри, а личниот предмет, како што се чанта, ранец или торбичка за лаптоп, мора да биде помал од 40 x 30 x 15 сантиметри и да одговара да се стави под седиштето пред вас./Извор:Makfax