Centar.mk
СВЕТ

Ајкула растргна момче недалеку од брегот во Јамајка, телото било осакатено

16-годишно момче било нападнато од ајкула кај брегот на Јамајка, а неговото тело го пронашле нуркачи.

Телото на средношколецот е пронајдено северно од островот, а жртвата е Јахмари Рид, кој живеел на Јамајка, источно од популарниот туристички град Монтего Беј.

Тинејџерот наводно отишол сам на подводен риболов рано наутро во понеделникот, а рибарите го пронашле неговото тело следниот ден со повреди во согласност со напад на ајкула, соопшти полицијата, пренесува Си-би-ес.

Според очевидци, телото било осакатено.

Од 1749 година,во Јамајка се пријавени само три напади на ајкула, според Меѓународното досие за напад на ајкула, управувано од Музејот за природна историја на Флорида и здружението „Еласмобранч“ во Америка./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ЕСКАЛАЦИЈА НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Нападите меѓу САД, Израел и Иран се интензивираат

ДЕСК

Позната инфлуенсерка пронајдена мртва во стан

ДЕСК

Трамп го нападна НАТО, британски дипломат му возврати: „Целосно погрешно го разбира“

C +