Владата во целост го потврди, а на 16 септември и ќе го потпише Планот за раст кој беше подготвен од Владата на СДСМ, објави денес претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
„Без да изменат речиси ништо во тој план, тие ја призна добро сработената работа и спроведената Реформска агенда од страна на СДСМ. Ниту едно ветување на Мицкоски кое тој ревносно го повторуваше не успеа да го реализира. Напротив“ напиша Филипче.
Претседателот на СДСМ додаде дека Мицкоски го прифати целосно Коридорот 8 и одеднаш проектот не завршувал како тунел во планина, туку бил добар.
„Мицкоски се согласил и дека нема да се распуштаат Советите за судии и јавни обивнители, иако со денови во јавноста кажуваше дека ќе го направи тоа. Јасно е дека ниту ЕУ, ниту било која меѓународна институција, не дозволува политичко мешање во изборот, кое очигледно беше цел на Мицкоски“ напиша Филипче.
Тој додаде дека треба пред граѓаните да го признае ова, наместо да измислува спинови и паравани за нереализираните ветувања.
„Нема простор за импровизации, ниту пак за лажни ветувања и поигрување со емоциите на граѓаните кога се во прашање стратешките цели на државата и ЕУ интеграциите“ напиша Филипче.