Centar.mk
фото Centar.mk
БИЗНИС

Следува исплата на пензиите – еве кога да ги очекувате средствата

На први септември, односно втори како прв работен ден се очекува исплата на пензиите.

Откако ќе поминат законските измени во Собрание пензионерите ќе добијат зголемување за 2.500 денари, а од наредната година во март 2025 уште толку.

– Предлог законското решение за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, предложено од Министерството за социјална политика, демографија и млади ја помина владината процедура и наскоро ќе се најде во Собранието пред пратениците.

Со Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, се предлага зголемување на пензиите на 1 септември 2024 година и 1 март 2025 година. Поконкретно, на 1 септември 2024 година, сите видови на пензии остварени согласно овој закон заклучно со 31 август 2024 година, се зголемуваат за 2.500 денари и на 1 март 2025 година, сите видови на пензии остварени согласно со овој закон заклучно со 28 февруари 2025 година, се зголемуваат за 2.500 денари.

Целта на предложените измени и дополнувања на Законот за пензиското и инвалидското осигурување е обезбедување на пораст на животниот стандард и подобар и поквалитетен живот за пензионерите, соопшти МТСП.

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМА ПРОМЕНА ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ – Цената повеќе нема да биде единственото мерило при изборот

ДЕСК

Започнуваат ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026 и САЕМОТ ЗА НЕДВИЖНОСТИ 2026 од 29 до 31 октомври

ДЕСК

Македонија ја претстави 20-годишната стратегија за минерални суровини во Загреб – договорена соработка за геотермална енергија

ДЕСК