15.8 C
Скопје
19. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Следуваат серија неработни денови и продолжени викенди – Еве кога ќе одмараме до крајот на 2024!

28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.

Ден на Републиката, 8 септември (недела), Ден на независноста, односно 09 септември (понеделник) е неработен ден, 11 октомври (петок), Ден на народното востание, 23 октомври (среда), Ден на македонската револуционерна борба; 8 декември (недела), “Св. Климент Охридски”, односно 09 декември (понеделник) е неработен ден.

За граѓаните од православна вероисповед
28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед 01 ноември (петок), Празникот на сите светци; 25 декември (среда), првиот ден на Божик.

За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ: 22 ноември (петок), Ден на албанската азбука

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ: 12 октомври (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ: 28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ:21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик