Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Филипче: Со Планот за раст Мицкоски ја призна добро сработената работа на СДСМ

Денес во Владата, Мицкоски и Муртезани во целост го потврдија, а на 16 септември и ќе го потпишат, Планот за раст кој беше подготвен од Владата на СДСМ. Без да изменат речиси ништо во тој план, тие ја призна добро сработената работа и спроведената Реформска агенда од страна на СДСМ, наведува претседателот на СДСМ, Венко Филипче во објава на Фејсбук.

Ниту едно ветување на Мицкоски не е исполнето, додава тој.

-Ниту едно ветување на Мицкоски кое тој ревносно го повторуваше не успеа да го реализира. Напротив. Мицкоски го прифати целосно Коридорот 8 и одеднаш проектот не завршувал како тунел во планина. Сега тој проект е добар. Мицкоски се согласил и дека нема да се распуштаат Советите за судии и јавни обвинители, иако со денови во јавноста кажуваше дека ќе го направи тоа. Јасно е дека ниту ЕУ, ниту било која меѓународна институција, не дозволува политичко мешање во изборот, кое очигледно беше цел на Мицкоски, вели претседателот Филипче.

Сметам дека чесно ќе беше ова да го признае пред граѓаните отколку да се измислуваат спинови и паравани за нереализираните ветувања. Но, тоа говори за него и неговиот начин како ја разбира политиката, потенцира Филипче.

-Нема простор за импровизации, ниту пак за лажни ветувања и поигрување со емоциите на граѓаните кога се во прашање стратешките цели на државата и ЕУ интеграциите. вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Можеби ќе ве интересира

Тошковски го откри одговорот што сите го очекувавме – Колкав ќе биде прагот на толеранција за казнување преку камерите “Сејф сити”

ДЕСК

ПРВО ДОЖДЛИВО И СНЕЖНО ВРЕМЕ, А ПОТОА МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ ОКОВАНА ОД СТУД – Детална прогноза за она што не’ чека следните 4 дена

ДЕСК

Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

ДЕСК