Centar.mk
РЕГИОН

Пукање во близина на училиште во Црна Гора: има повредени

Едно лице е тешко повредено во престрелката што се случила синоќа во Тузи, во близина на мешаното средно училиште „25 Мај“, соопшти Управата на црногорската полиција.

Осомничениот за ова кривично дело е приведен, а од него е одземен пиштол „магнум 357“ кој ќе се вештачи во Центарот за судска медицина при Полициската управа.

„Истиот ден во Клиничкиот центар на Црна Гора е примено едно лице со повреди во пределот на левото стапало предизвикани од дејство на проектил испукан од огнено оружје, при што му се констатирани тешки физички повреди – фрактура на коските на стапалото“, се наведува во полициското соопштение.

Во врска со пукањето, додаваат, сослушани се четири лица, а идентификуван е и А.У. (23) кој е осомничен дека употребил оружје.

А.У. е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело тешко кривично дело против општата сигурност во врска со кривично дело недозволено држење и држење оружје и распрскувачки материи, се наведува во соопштението./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Снег заврна во Хрватска – создадена снежна покривка

ДЕСК

Од 1 јануари, нови услови за пензионирање на жените во Србија

ДЕСК

Србија меѓу првите во регионот што воведува тестирање на алкохол кај летачкиот и кај кабинскиот персонал

C +