Centar.mk
БИЗНИС

До крајот на август граѓаните ќе имаат исплатено ДДВ, велат од УЈП

Исплатата на средствата за тримесечјето април-јуни ќе се реализира во законскиот рок, односно до крајот на месец август, информираа од УЈП.

„Известуваме дека во однос на враќање на дел од данокот на додадена вредност искажан во фискалните сметки на физичките лица за последното тримесечје се генерираат налози за отпочнување на исплатата. За ова тримесечје ќе се исплатат околу 858.059.205 милиони денари на 491.407 граѓани кои скенирале фискални сметки за период април-јуни 2024 година“, велат од УЈП.

Исплатата доцнеше бидејќи се чекаше Собранието да го изгласа ребалансот на Буџетот. Тој беше изгласан на 12 август, по што следуваа и реакции на граѓаните за доцнењето на исплатата./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Гувернерот Славески на Пролетните средби во Вашингтон: Гувернерите на централните банки и министрите за финансии ќе разговараат за стабилноста на светската економија

ДЕСК

АХВ спроведе 1221 предпразнични вонредни контроли

ДЕСК

Димитиеска-Кочоска: ММФ ја засилува поддршката за реформи и економска стабилност во регионот преку нов Регионален центар за ЈИЕ

ДЕСК