Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Вчера во државава имаше 24 пожари, утрово активни се два

На територијата на Македонија вчера имаше 24 пожари на отворен простор, од кои денеска активни се два. Изгаснати се 21, а под контрола е еден пожар, информираат од Центарот за управување со кризи.

Активни се пожарите на Галичица, кај селата Стење и Лескоец, на територијата на Општина Ресен. Тука годи лисната постелка во букова шума и сува трева. Кај Општина Чашка, на планината Мукос гори шума.

Под контрола е пожарот во Општина Демир Хисар, на Плакенска планина, над селото Вирово каде што гори ниска вегетација и сува трева.

Изгансати се пожарите на териториите на општините Сарај, Карпош, Аеродром, Гази Баба, Илинден, Шуто Оризари, Арачиново, Васиелево, Босилово, Ресен, Тетово, Гостивар, Врапчиште, Долнени, Виница, Липково, Куманово и Македонски Брод./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ВЕЧЕРВА ПАДНА ГОЛЕМО АПСЕЊЕ: Познат директор фатен со 50.000 евра мито

ДЕСК

Стрелките на часовникот одат еден час нанапред – Подгответе се за летно сметање на времето

ДЕСК

Синоптичарите објавија 4 дневна прогноза – Каков продолжен викенд да очекуваме?

ДЕСК