Centar.mk
СВЕТ

Повторно еруптираше вулкан на Исланд

Вулкан во југозападен Исланд денеска еруптираше, исфрлајќи вжештена лава и чад, по шести пат од декември, соопшти денеска Исландската метеоролошка служба.

Вкупната должина на пукнатината била околу 3,9 километри и се проширила за 1,5 километри за околу 40 минути, се вели во соопштението на метеоролошката канцеларија на Исланд, која ги следи вулканите.

„Ударот е ограничен на локализирана област во близина на местото на ерупцијата. Тој не претставува закана за животот и областа во близина е евакуирана“, соопшти Министерството за надворешни работи на Исланд на социјалната мрежа Икс./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

„Тајмс оф Израел“: Го убивме човекот одговорен за блокадата на Ормутскиот теснец

C +

Нетанјаху стравува дека Трамп ќе ја запре војната: нареди жестоки напади врз Иран

C +

Зеленски: Русија планира напади врз украинските системи за водоснабдување

C +