Centar.mk
СВЕТ

Лидерот на Хамас додаде лично барање на листата за примирје со Израел: „Не ме убивајте“

Лидерот на Хамас и организатор на нападите на 7 октомври, Јахја Синвар, кој претходно изјави дека ќе му биде чест да умре борејќи се со Израел, сега го поставил сопственото преживување услов за каков било прекин на огнот во Газа, според новите извештаи.

Синвар, наводно, истакнал дека неговата безбедност мора да биде загарантирана и дека Израел не смее да се обидува да го убие, изјави за Ynet висок египетски функционер, пишува Њујорк Пост.

„Синвар инсистира на гаранција дека неговата безбедност и заштита се обезбедени“, рече претставникот.

Јахја Синвар, кој дојде на чело на Хамас по атентатот на поранешниот лидер Исмаил Ханија минатиот месец, наводно рекол дека договорот за прекин на огнот би бил можен доколку Израел ги прифати неговите барања.

Новата позиција доаѓа по неколкумесечно мешање на Синвар во разговорите за прекин на огнот и размена на заложници, повикувајќи го Хамас да продолжи да се бори додека Израел не биде уништен./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Евростат објави колку бегалци од Украина примила секоја земја од ЕУ

C +

Експлозии во Белгород; Русите: Бевме нападнати со ракети, штетата е значителна

C +

Израелскиот премиер до Сиднеј: Признавте палестинска држава, поттикнувате омраза кон Евреите

C +
error: Соддржината е заштитена.