Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Ново мафијашко убиство во Скопје, неспособниот Тошковски да си даде оставка

-За неполни 24 часа се случија две мафијашки пресметки во Скопје, медиумите пренесуваат дека едно лице е убиено утрово на паркингот кај Мавровка, а во синоќешното пукање во Сингелиќ има повредени, соопшти СДСМ.

„Граѓаните се вознемирени и се чуствуваат небезбедно. Ваквите пресметки стануваат секојдневие бидејќи МВР и Тошковски не успеваат да ги најдат сторителите и да ги расчистуваат случаите.

За среќа и радост во вашиот дом, заследете го следниот канал на YouTube со клик тука!

▶ ЗАСЛЕДЕТЕ ГО TAMNI TALAS

Уживајте во музика исполнета со емоции, љубов и убави моменти.

За потсетување, во мандатот на Тошковски имаше три убиства и три обиди за убиства а разрешница имаше само за еден случај. Неспособноста на власта на Мицкоски Македонија ја претвори во Див Запад.

Криминалните банди буквално хараат, криминалците бегаат од затворите кои се како хотел Промаја, а граѓаните стравуваат за својата безбедност.

Нема скандал во изминатите 3 месеци а да не е поврзан со Тошковски и МВР.

Тошковски е најнеспособниот министер за внатрешни работи и веднаш треба да си даде оставка.“ – се вели во соопштението на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Конески од годишната конференција на УМС најави три проекти, реновирани студентски домови, грантови за млади претприемачи и студентите во општините не како гости, туку на практична работа

ДЕСК

АГРЕСИВЕН КОН ПОЛИЦАЈЦИТЕ, ОДБИЛ И АЛКОТЕСТ – Приведен 66-годишник во Демир Капија

ДЕСК

Мицкоски: Опозицијата ја дезинформира и манипулира јавноста со случајот Алта банка, Филипче и СДС ќе ги разочарам, а граѓаните ќе бидат задоволни, банката ќе се спаси

ДЕСК