Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Познати деталите за синоќешното пукање

На 19.08.2024 околу 20.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.,,Александар Македонски” во Скопје, од патничко возило во движење од огнено оружје било пукано во патничко возило „фолксваген пасат” со австриски регистарски ознаки, управувано од Н.А.(43) од Австрија, со привремен престој во Скопје, а сопатник бил Н.А.(30) од Скопје. Притоа, со прострелна рана се здобил возачот Н.А. и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

Увид извршила екипа од СВР Скопје и на местото биле пронајдени чаури од огнено оружје калибар 9 мм. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Имаме стабилни резерви, дополнително го намаливме ДДВ за горивата од 18 на 10%

ДЕСК

„Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, се заштедуваат отприлика околу 200 илјади евра на ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

C +

ВМРО вели дека граѓаните станале милионери по намалувањето на ДДВ на горивата, возвратија од СДСМ

ДЕСК