Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Филипче: ЗНАМ поддржува Влада со целосно антисоцијадемократски вредности

Ниту искусни политиколози не може да ја издиференцираат идеолошката матрица на ЗНАМ, вели во интервју за „Фокус“ претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

„Ако се анализира она малку што постои како програмски принципи и она што го прокламираа на избори, кај нив може да се забележи само желба за власт. До сега не видовме политики и програмски определби кои ќе ги имплементира ЗНАМ во Владата, тие се таму очигледно само од лукративни причини. ЗНАМ воопшто и не може да биде социјалдемократска партија, бидејќи во моментов е дел од Влада која води целосно антисоцијалдемократски политики“- вели Филипче за Фокус.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче за време на изборите, предупредуваше дека гласот за ЗНАМ не е глас за социјалдемократска партија. Со влегувањето во владата, се покажа дека ЗНАМ ги спроведува политиките на ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски веќе се подготвува да ги внесе Бугарите во Уставот – комисијата работи цело време

C +

До недела променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд

C +

СДСМ: Мицкоски ја урна последната линија на одбрана на демократските избори

C +