Centar.mk
СВЕТ

Киднапирани најмалку 20 студенти во Бену

Вооружени напаѓачи пред два дена киднапирале најмалку 20 студенти во нигериската држава Бену, соопшти денеска полицијата.

Киднапираните студентите по медицина и стоматологија патувале на конвенција во југоисточната нигериска држава Енуга.

Киднапирањата и барањето за откуп се чести посебно во северниот дел на Нигерија, а безбедносните сили не се во состојба да се справат со таквата појава./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Силен земјотрес ја стресе Турција

ДЕСК

Шпанскиот премиер повикува на создавање ЕУ војска: „Не за 10 години, туку утре“

C +

Трамп му постави нов ултиматум на Иран

C +