Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: За бегството на Блерим Рамадани виновни се судиите кои го пуштиле во домашен притвор, истите кои му слугуваа на СДС и ДУИ

Совршено јасно е дека Блерим Рамадани е пуштен во домашен притвор од каде избега од истите судии кои со години му слугуваат и го штитат криминалот на СДС и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Зошто не реагира Судскиот совет на ваквата одлука на Судиите? Затоа ли СДС и ДУИ се против распуштање на Судскиот совет и реформи во судството?“, велат од партијата.

Потсетуваат дека ова не е прв случај да се пуштаат на слобода вакви лица.

„Во 2019 година на слобода е пуштен и Косоварот Томор Морина кој на Косово го пречекаа со музика, од истите судии и спрега која ја контролира СДС и ДУИ“, завршуваат од партијата./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода возач на автобус во тетовско и патник во автобусот, пронајдени непријавени 34.965 евра

ДЕСК

ДОАЃА ЖЕШКО ВРЕМЕ, ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЌЕ СКОКНАТ НА 33°C: Најави и за невреме во деталната четиридневна прогноза

ДЕСК

Невреме во делови од Македонија – еве каде е најкритично

ДЕСК