Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Британија: Украина може да го користи нашето оружје на руска територија

Украинските сили може да користат британско оружје на руска територија, потврди Министерството за одбрана. Портпаролот на британското Министерство за одбрана рече дека Украина има право на самоодбрана од руските агресивни напади, што не ги исклучува операциите внатре во Русија.

Поранешниот секретар за одбрана Бен Валас претходно изјави дека целото оружје што го испорачува Велика Британија, освен ракетите со долг дострел, може да се користи во Русија.

Тоа значи дека украинските сили може да користат противтенковски ракети, артилерија, оклопни возила и друго оружје на Обединетото Кралство на руска територија. Ракетите Storm Shadow не смее да се користат надвор од границите на Украина, додаваат од Министерството./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Венецуела прифати месечен надзор: буџетот ќе оди на одобрување во Вашингтон

ДЕСК

Макрон: Руските напади врз цивили се неприфатливи, испраќаме помош во Украина

ДЕСК

Украинци: Клучниот претставник на Трамп покажува шокантно незнаење за војната

ДЕСК