Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Али Ахмети се сретна со амбасадорот Гир: Владата креира сценарија за дестабилизација за да ги обвини другите

Претседателот на Демократската унија за интеграција, г. Али Ахмети денеска во партиското седиште во Тетово се сретна со амбасадорот на Европската Унија во Скопје, Дејвид Гир.

Соговорниците разменија мислења за Охридскиот договор, Преспа и добрососедството со Бугарија, евроинтеграциите, реформите во согласност со очекувањата на ЕУ, изборниот легитимитет итн.

Претседавачот Ахмети ја елаборираше нацрт-платформата за легитимитет подготвена од авторот на Охридскиот договор Пол Вилијамс и ПИЛПГ, мислењата на локалните експерти и чекорите што ДУИ и Европскиот фронт ќе ги преземат во одбрана на легитимитетот.

Г-дин Ахмети зборуваше и за тенденциозните предупредувања на премиерот Мицковски за дестабилизација, истакнувајќи загриженост за можно намерно владино инсценирање преку обвинувања на други со цел да се дефокусира јавноста од потфрлувањата на власта.

ДУИ е посветена на стабилноста, безбедноста, мирот, добрите меѓуетнички и меѓусоседски односи како и европската интеграција и отфрла секакви монтирани политички владини обиди за дестабилизација.

Исто така, остануваме најпосветениот партнер на Европската Унија и Соединетите Американски Држави во Северна Македонија кој што ја гледа земјата партнер и членка на НАТО и ЕУ.

Најчитано сега

Можеби ќе ве интересира

Вонредни најави: Серија влажни бранови ја зафатија Македонија, некаде ќе има и обилни поројни дождови

ДЕСК

Во брза помош донесен повреден млад маж – познато е како се здобил со повредите

ДЕСК

Голема физичка пресметка во близина на кафеана во Карпош – МВР излезе со детали

ДЕСК

Нашиот веб сајт користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот. Прифати Прочитај повеќе

Privacy & Cookies Policy
error: Соддржината е заштитена.