10. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Сѐ уште гори кај Пехчево, Македонски Брод, Кичево – во оган борова, букова и дабова шума

ЦУК: Во текот на вчерашниот ден, понеделник, 12.8.2024 година, имаше вкупно 37 пожари на отворен простор, од кои во моментот 10 се активни, 6 се под контрола и 21 изгаснат.

1. Општина Македонски Брод: Јасен – Белица (борова шума);

2. Општина Пехчево: с.Негрево (мешана шума);

3. Општина Новаци: с.Полог – Тапевци – Гнилеж – Паралово (ниска вегетација);

4. Општина Ресен: Галичица се шири во правец на врвот Магаро кон Стење, Охридска страна, (нискостеблеста вегетација);

5. Општина Кичево 1: с.Патеец – с.Козичино (борова и букова шума);

6. Општина Кичево 2: с.Челопеци и с.Бигор Доленци (мешана шума);

7. Општина Кичево 3: с.Зајас – с.Горно Строгомиште (мешана шума);

8. Општина Кичево 4: с.Туин, Калешовци (дабова шума);

9. Општина Пласница: с.Пласница – с.Латово – Македонски Брод (нискостеблеста вегетација);

10. Општина Кочани: с.Пресека (дабова шума).

ПОД КОНТРОЛА: 6

1. Општина Неготино: Кај ТЕЦ Неготино (сува трева);

2. Општина Демир Хисар и Охрид: Илинска Планина, Плаќенска планина, во општините Охрид и Демир Хисар е под контрола (4 НШ) (ниска вегетација);

3. Општина Чашка: с.Ореше, с.Папрадиште (мешана шума);

4. Општина Делчево: Депонија Делчево (депонија);

5. Општина Липково: с.Никуштак (депонија);

6. Општина Кочани: Градска депонија (ѓубре, сува трева и нискостеблести растенија);

ИЗГАСНАТИ: 21

1. Општина Неготино: Црвени Брегови – Пепелешки мост – Дуброво – месност Јаворица (нискостеблеста деградирана шума и сува трева);

2. Општина Македонски Брод: с.Грешница (мешана шума);

3. Општина Виница: круг на Фабрика Треска (сува трева и пелевина);

4. Општина Босилово 1: с.Бориево (сува трева);

5. Општина Босилово 2: с.Иловица (ѓубре и сува трева);

6. Општина Липково: с.Матејче (нискостеблеста шума);

7. Општина Кичево: кај Стража;

8. Општина Аеродром: под мостот на р.Вардар, на патниот правец Идризово – Долно Лисиче (ѓубре);

9. Општина Гази Баба 1: Парк шума Гази Баба (сува трева);

10. Општина Гази Баба 2: с.Трубарево (сува трева);

11. Општина Гази Баба 3: с.Трубарево (3 ТППЕ) (сува трева);

12. Општина Сарај: с.Копаница (2 ТППЕ) (стрниште);

13. Општина Кисела Вода: с.Драчево (3 ТППЕ) (стрниште);

14. Општина Центар: ул.Војдан Чернодрински (сува трева);

15. Општина Могила: с.Српци – с.Беранци (сува трева);

16. Општина Ресен: Депонија (ѓубре);

17. Општина Крива Паланка: нас.Ловачки (сува трева);

18. Општина Струмица: с.Габрово (депонија и сува трева);

19. Општина Куманово 1: Никуљски пат (стрниште и сува трева);

20. Општина Куманово 2: ул.Октомвриска (сува трева);

21. Општина Брвеница: с.Милетино (сува трева)./Извор:Makfax