Centar.mk
РЕГИОН

Вучиќ добил известување дека во Србија се подготвуваaт немири и државен удар

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, добил официјална информација од Руската Федерација дека се подготвуваат масовни немири и државен удар, кои ги организираат припадници на западните земји.

„Денеска добивме официјална информација од Руската Федерација, пренесена преку официјални канали. Ние се справуваме со тоа, одговорна е БИА, а луѓе специјализирани за тоа во Владата и на сите други места си ја вршат својата работа. Но за тие што замислуваат дека нешто ќе постигнат на сила – нема. Србија неуморно оди напред, не можат и нема да ја спречат и никој никогаш нема да ја спречи. Тоа е мојата порака до сите, луѓето не мора да се грижат“, изјави Вучиќ./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Отруено бебе во Србија: по грешка наместо вода, во шишето имало бензин

ДЕСК

Црна Гора ќе затвори уште едно поглавје во преговорите за пристапување кон ЕУ следната недела

ДЕСК

Непалските работници во Хрватска штрајкуваат поради ниски плати и лоши услови

C +