На 13.11.2026 во 00:52 часот на магистралниот пат Струга – Дебар, во близина на Струга, полициски службеници лишија од слобода 20-годишен жител на струшкото село Драслајца.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал, и притоа констатирале дека нема положено возачки испит за Б категорија.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


