Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

(Видео) „Руски воен конвој е уништен од ударот на украинските ракети ХИМАРС“

На социјалните мрежи кружи видео кое наводно покажува напад на американските високомобилни артилериски ракетни системи М142 или ХИМАРС врз руски воен конвој во областа Рислк во Курск, 30 километри источно од украинскиот регион Суми.

„Руски воен конвој е уништен од ударот на украинските ракети ХИМАРС во близина на селото Октјабрскоје во областа Рилски на Народната Република Курск“, напиша украинскиот новинар Јуриј Бутусов на Телеграм.

„Видеото беше објавено од руските новински канали. Тоа е маестрално дело на украинската разузнавачка служба длабоко во заднината на трупите на Путин“, додаде тој./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Иран ја изврши првата наплата за премин низ Ормускиот теснец

C +

Синот на последниот шах на Иран: Нејасните пораки на ЕУ за Иран можат да имаат последици

C +

Поранешен шеф на НАТО: Европа мора да стане воено независна од САД

C +