Centar.mk
СВЕТ

Украина побара од Мексико да го приведе Путин доколку се појави на инаугурацијата, тие одбија

Владата на Мексико соопшти дека нема да го исполни барањето на Киев за апсење на рускиот претседател Владимир Путин, доколку тој присуствува на инаугурацијата на новиот претседател на Мексико.

„Не можеме да го направиме тоа, не зависи од нас“, им рече на новинарите мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор.

Шефот на Кремљ, инаку, беше поканет да присуствува на инаугурацијата на новоизбраната претседателка Клаудија Шејнбаум на 1 октомври. Украинската амбасада го повика Мексико да постапи во согласност со меѓународната потерница за Путин и да го приведе.

Да потсетиме, во март 2023 година, Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Путин поради наводи за воени злосторства, особено присилна депортација на украински деца во Русија по инвазијата на Москва на почетокот на 2022 година. Инаку, Русија не е членка на МКС, но Мексико е, пишува Киев Индипендент./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви

ДЕСК

46 жртви во железничката несреќа во Шпанија

ДЕСК

Во текот на изминатото деноноќие, Русија извршила вкупно 1.019 напади врз Украина

ДЕСК