Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Со полициски хеликпотер пренесено повредено лице од Галичица до Охрид

Вчера, (08.08.2024) хеликоптерот Бел 412 од Одделот за воздухопловни единици, при транспорт на екипи од Црвен крст и пожарникари во реонот на Галичица, а воедно и со конфигурација на опрема за гасење на пожар, доби повик за пренесување на повредено лице од место во близина на врвот Магаро, Галичица, соопшти МВР.

-Во најбрз можен рок заедно со тимот на Црвениот крст кој првично беше транспортиран за гасење на пожарот во реон на Галичица, на лицето му е дадена прва помош и истото е транспортирано со хеликоптер до аеродромот во Охрид, од каде што со возило на брзата помош лицето е примено во локалната медицинска установа. Хеликоптерот Бел 412 продолжува со активности за гасење на пожарот во реонот на Галичица, информира полицијата.

Можеби ќе ве интересира

Патниот правец Охрид – Ресен преку Галичица е затворен за сообраќај, каква е состојбата на патиштата низ Македонија

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме?

ДЕСК

Почуствуван земјотрес во Македонија – Сеизмолошка ги објави деталите

ДЕСК