Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Сончево и топло, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за невреме со поинтензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. UV=7

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Во следните денови времето ќе биде сончево и топло, а во деновите од викендот ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

СДСМ со 225 амандмани за Буџетот, за 600 евра минимална плата, поголем студентски оброк и поддршка за граѓаните

ДЕСК

Кузеска: Народна банка го крие решението за Алта – како Славески го проценил ризикот по консултацијата со Мицкоски?

ДЕСК

Поповиќ: После толку жртви Тошковски одамна требаше да даде оставка – СДСМ со месеци предупредува

ДЕСК