Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Се сомневам дека добар дел од пожарите се подметнати бидејќи не е нормално во еден ден да имаме 35-40, вели Ангелов

Вчера имало повеќе од 35 активни пожари кои што најголем дел успеале да ги изгаснат, рече директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Вчера имало и повеќе пожари на територија на градот Скопје.

-Се работи за сезона на тешки пожари и за жал, не се само на наша територија. Повеќе од 150 пожари има и на територија на Србија, па оттаму го повлекуваат нивниот хеликоптер и не можеме да сметаме на нивна поддршка. Пожари има и во Грција и насекаде во регионот. Апелирам до сите граѓани да бидат екстремно внимателни. Тешко објасниво е појава на 40 нови пожари во еден ден. На дневна основа имаме појава на 35-40 стихии. Се сомневам дека добар дел се подметнати бидејќи не е нормално во еден ден да имаме 35-40 пожари. Или се работи за тотална неодговорност на одредени поединци или за некаква намера, рече Ангелов во видео-обраќањето од пожарот над викенд-населбата Брезница на Козјак./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода седум лица во акциска контрола на Мобилната единица при МВР, одземени три возила, изречени 16 мерки

ДЕСК

Лишени од слобода 15 возачи за безобѕирно управување возило, 10 лица возеле без возачка дозвола, четири управувале под дејство на алкохол, еден со претходно изречена забрана

ДЕСК

Мицкоски од Илинден: Владата продолжува со инвестиции во образованието, се гради нова училишна зграда во ООУ „Гоце Делчев“

ДЕСК